Започна Пиво фест Прилеп 2026

Од 17 до 19 јули, Прилеп повторно ќе биде домаќин на една од најголемите летни манифестации во Македонија – Пиво Фест 2026. Во текот на трите фестивалски вечери, плоштадот „Александрија“ ќе биде центар на одличната атмосфера, со богата музичка програма, разновидна понуда на пиво, прилепска скара и бројни забавни содржини.

На главната фестивалска сцена ќе настапат бројни домашни и регионални музички имиња. Во петок, публиката ќе ја забавуваат Огнен Здравковски и Џенан Лончаревиќ, во сабота ќе настапат Јордан Митев и Милица Павловиќ, додека фестивалот ќе заврши во недела со настапите на The Hounds и Јелена Розга. Паралелно, на Камената бина ќе настапат SAJO, АЦИКА и Сашо Спец, а сите три вечери ќе започнат со DJ програма.