Асфалтирана сервисна улица во Кривогаштани - инвестиција од над 1,8 милиони денари
Денеска е асфалтирана сервисната улица ,,5" - фаза 1 во Кривогаштани, во должина од околу 280 метри, со што се подобрува патната инфраструктура и пристапот во овај дел од населеното место.
Според јавно достапните податоци од Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки за реализација на проектот е склучен договор помеѓу Општина Кривогаштани и компанијата ,,Енергоинвест Трејд" ДОО Скопје.
Вредноста на договорот изнесува 1.815.169,22 денари со вклучен ДДВ.
Асфалтирањето на делницата претставува уште една инвестиција во локалната патна инфраструктура во Кривогаштани, а новата сообраќајна површина треба да обезбеди подобар и побезбеден пристап за жителите и корисниците на објектите во овој ден од населеното место.
Обршани добива ново повеќенаменско рекреативно игралиште
Жителите на Обршани наскоро ќе добијат ново современо спортско - рекреативно игралиште, наменето за повеќе спортски и рекреативни активности.
Турнир во мал фудбал - Кривогаштани 2026
Љубители на фудбалот, подгответе се!
Во Кривогаштани и оваа година ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал ,,Кривогаштани 2026", кој ветува многу фудбал, неизвесност и атрактивни натпревари.
25 години од трагичниот настан кај Карпалак
Денес се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Карпалак.


