Започна сезоната на берба на тутун во Општина Кривогаштани и регионот


Започна сезоната на берба на тутун во Општина Кривогаштани и регионот
Во Општина Кривогаштани започна сезоната на берба на тутунот од реколта 2026. Тутунопроизводителите деновиве започнуваат со берба на тутун од новата реколта во 2026 година.
Минатата година во Република Македонија беа откупени околу 25,3 милиони килограми тутун, со просечна откупна цена од 420 денари за килограм, што претставуваше една од најуспешните откупни сезони во последните години.
За годинава се очекува уште подобра реколта, со проценето производство од 28 до 29 милиони килограми тутун. Очекувањата се дека и оваа сезона ќе биде успешна, со висок квалитет на родот и стабилен тек на откупот.
На сите тутунопроизводители им посакуваме успешна берба, фер проценка на квалитетот и успешен пласман на нивниот труд.
