Гостување на Драмското студио при Дом на културата “Илинден” Демир Хисар во Општина Кривогаштани.

Вечерва Драмското студио при Дом на културата „Илинден“ Демир Хисар настапи пред публиката во Кривогаштани.

Театарската претстава “Бегај еве ја жена ти” од Реј Куни и во режија на Благој Николов се одигра во Мултифункционалниот центар во Кривогаштани.

Ова ново гостување претставува уште еден значаен чекор во поврзувањето на Општините и размената на театарската уметност помеѓу помалите населени места во Пелагонискиот регион.

Благодарност до домаќините за топлиот пречек, одличната организација и укажаната доверба, како и до публиката која со своите аплаузи и позитивна енергија ја направи вечерта незаборавна