Обршани добива ново повеќенаменско рекреативно игралиште
Жителите на Обршани наскоро ќе добијат ново современо спортско - рекреативно игралиште, наменето за повеќе спортски и рекреативни активности.
Со забрзано темпо се одвива реализацијата на проектот за изградба на повеќенаменското игралиште со што се создава нов простор за спорт, дружење и рекреација на младите во Обршани и околните населени места.
Изградбата на ваков тип објект претставува значаен чекор кон подобрување на условите за спорт и рекреација во руралните средини и создавање нови содржини за жителите на Обршани.
