Ликовниот конкурс на тема: „Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“, наменет за учениците од 1 до 9 одделение

Во просториите на Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денес свечено беа доделени наградите од ликовниот конкурс на тема „Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение и траеше десет дена од денот на објавувањето. Учениците учествуваа со голем број креативни творби преку кои ја претставија својата перцепција и порака за значењето на безбедноста во сообраќајот.

По извршената селекција од страна на стручна комисија, беа избрани најдобрите цртежи, а наградите беа доделени во три категории.

Од 1 до 3 одделение:

- Ева Јовеска – ООУ „Манчу Матак“ – Крушеани

- Лара Лозаноска – ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани

- Анастасија Димитроска – ООУ „Манчу Матак“ – Славеј

Од 4 до 6 одделение:

- Теодора Кукеска – ООУ „Јонче Смугрески“ – Бела Црква

- Валери Ефтинџиоска – ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани

- Николина Рујаноска– ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани

Од 7 до 9 одделение:

- Теона Чагароска – ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани

- Ана Цветкоска – ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани

- Матеј Мискоски – ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани

За сите учесници на конкурсот беа доделени пофалници како признание за нивниот труд, креативност и придонес во промоцијата на сообраќајната култура и безбедност.

Во рамки на настанот беше отворена и изложба на наградените цртежи, која ќе биде достапна за посетителите во наредниот период. Преку изложените дела, јавноста има можност да ја види детската креативност и начинот на кој најмладите ја доживуваат и разбираат безбедноста во сообраќајот.

На настанот присуствуваа претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, градоначалникот на Општина Кривогаштани, претставници на образовните институции, родители и ученици.

Од страна на организаторите беше изразена благодарност до сите учесници, наставници, спонзори и поддржувачи, како и до Општина Кривогаштани за поддршката во реализацијата на конкурсот.

Претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот истакна дека ваквите активности имаат особено значење за едукацијата на најмладите и за подигнување на свеста за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.