Креативност без граници – Светлана Грозданоска, уметница од Кривогаштани

Креативност без граници – Светлана Грозданоска, уметница од Кривогаштани

Општина Кривогаштани може да се гордее со луѓе кои преку својот талент и посветеност оставаат силен впечаток во светот на уметноста. Една од нив е Светлана Грозданоска, фризерка по професија, но и исклучителна уметница која својата креативност ја преточува во уникатни дела.

Покрај сликарството на платно, Светлана создава и несекојдневни уметнички портрети и карикатури изработени од коса – техника која бара огромна прецизност, трпение и извонредна умешност. Нејзините дела се доказ дека уметноста нема граници и дека инспирацијата може да се пронајде во секој материјал.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата од нејзината изложба „Мојата визија“, како и дел од впечатливите изработки од коса, кои го привлекуваат вниманието и восхитот на секој што ќе ги види.

Искрени честитки за досегашните успеси и желби за уште многу инспирација, нови изложби и уметнички достигнувања!