Фк Младост 1930 и оваа сезона продолжува да се натпреварува во 3 лига со големите клубови од регионот.

ФК Младост 1930 и официјално продолжува во Третата македонска фудбалска лига и во сезоната 2026/2027!

Со голема гордост можеме да потврдиме дека ФК Младост 1930 од Кривогаштани и во претстојната сезона ќе биде дел од натпреварувањето во Третата македонска фудбалска лига – Југ.

Клубот успеа да го задржи третолигашкиот статус и оваа сезона повторно ќе има можност да ги одмери силите со квалитетни противници, меѓу кои и екипи што минатата сезона настапуваа во Втората македонска фудбалска лига, како што се Победа од Прилеп, Големо Коњари, како и останатите клубови кои ќе ја зголемат конкуренцијата и квалитетот на лигата.

Пред клубот е нов предизвик, исполнет со силни натпревари и можност за нови успеси. Очекувањата се Младост 1930 со максимална посветеност, борбеност и поддршка од навивачите достојно да го претставува Кривогаштани и во новата сезона.

На стручниот штаб, фудбалерите и раководството им посакуваме успешни подготовки, многу здравје, спортска среќа и што повеќе победи во сезоната 2026/2027.