25 години од трагичниот настан кај Карпалак
Денес се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Карпалак.
По тој повод, претставници на АРМ и делегација од Општина Кривогаштани предводена од градоначалникот Игор Каравилоски и претседателот на Советот Андреј Ацески, оддадоа почит и положија цвеќе пред споменикот на паднатиот борец Љубе Грујоски од Пашино Рувци.
Нека му е вечна слава на херојот, а споменот за него и за сите загинати бранители нека остане вечен.
